Хроничниот замор, болките во вратот и главата се последица на спиење на мека, обична перница, која што го вознемирува телото за време на ноќта.
Освен според материјалот и препораките за анатомски облик, перниците се избираат и според положбата на спиење.
Речиси една третина од животот, еден човек поминува во спиење на перници кои можат да предизвикаат здравствени проблеми.
Во принцип, перницата би требала да ги држи главата и вратот во линија со ‘рбетот.
– Кога ќе ја ставите главата на перница, таа би требала да биде под прав агол во однос на рамениците, токму како кога стоите, советува Џејмс Мас, специјализиран за пореметувањата во спиењето.
На основа на квалитетите на материјалот, перницата се избира според положбата на спиење. На оние кои спијат на грб, исто така им е потребна перница која што не ја турка главата премногу кон напред. Добар избор се оние перници чија долна третина е здебелена за потпирање на вратот додека лежите на грбот.
Ако спиете на страна, потребна ви е тврда перница која ќе ја пополни празнината помеѓу увото и рамото, притоа соодветно потпирајќи ги главата и вратот. Ако сакате да спиете на грб, најдобар избор се оние перници кои имаат вдлабната подлога за главата (како на фотографијата).
Направете го најдобриот избор за вашата перница и имајте слатки и мирни соништа.