Добар совет за планинарите

Интересно истражување на Свен Гостедв од Норвешкиот Универзитет за наука и технологија во Тронхејм.

planinari1

Брзо аклиматизирање при искачување или живот во планината може да се постигне со пиење на големо количество сок од цвекло.

Тоа им помага на садовите ефективно и силно да се прошируваат како одговор на недостигот на кислород, станува јасно од написот објавен во списанието. Nitric Oxide.

„Следниот пат кога одите на подолг престој во планина, понесете со себе шише сок ​​од цвекло. Тоа може да делува како своевиден енергетски пијалок кој ќе му помогне на телото да испорачува доволно количество кислород во уморните мускули и да го одржува вашето здравје за време на искачување на големи височини”, – изјави Свен Гостед од Норвешкиот Универзитет за наука и технологија во Тронхејм.

Гостед и колегите случајно откриле невообичаена корисна карактеристика кај сокот од цвекло и разјасниле како дејствува истиот врз човечкиот организам. Тоа се случило за време на искачување во долината Ролвалинг сместена на 3.800 метри надморска височина во околината на Катманду, главниот град на Непал.

sok-ot-cveklo-i-celina2

За време на искачувањето научниците забележале дека сокот од цвекло, за разлика од другите нектари и екстракти, помага полесно да се движи телото.

Откако ја откриле необичната моќ на сокот од цвекло, научниците се обиделе да разјаснат на што се должи тоа, со тоа што го анализирале неговиот состав. Како што се покажало сокот од цвекло содржи големо количество нитрати – соединенија на азотна киселина и метали кои нашиот организам може да ги користи за да произведува азотен оксид.

Азотниот оксид, како што објаснуваат научниците, диригира бројни процеси во нашиот организам, вклучувајќи ги екстензиите и контракцијата на садови, стареењето и влијае благотворно на многу други системи на организмот.

Кога организмот страда од недостиг на кислород, концентрацијата на азотен оксид во крвта почнува да опаѓа, бидејќи за неговото производство се потребни молекули на овој гас. Во такви случаи организмот, според зборовите на Гостед, прибегнува кон лукавства – тој почнува да добива молекули NO и ги разградува нитратите. Очигледно сокот од цвекло го забрзува тој процес, со тоа што влегува во квалитетот на богат извор на нитрати.

Научниците ги провериле своите пресметки, искачувајќи се на уште еден поход, овој пат во друштво на доброволци. Половина од учесниците пиеле природен сок од цвекло за време на искачувањето во планината, а останатите добиле шишиња со пијалок, од кои биле отстранети сите нитрати.

Експериментот покажал дека сокот од цвекло и азотните соединенија што ги содржи всушност помагаат за прилагодување кон живот на планинска клима – волонтерите кои пиеле од природниот пијалок доживеале помалку проблеми со крвниот притисок и други симптоми на “планинска болест”.

Сето ова зборува дека сокот од цвекло или други извори на нитрати наскоро може да се најдат во ранците на планинарите.

- Реклама -