Има една стара поговорка што вели „Џабе работи, џабе не седи“. Според резултатите од студија извршена на Универзитетот во Чикаго, старите биле во право. Постојаната активност, без разлика колку и да е безначајна, помага во избегнувањето на негативните емоции.

Но, според авторот на студијата професор Кристофер Си, лошата вест е што човечкиот мозок е програмиран за мрзливост поради заштеда на енергија. За време на студијата, на 98 студенти им било кажано да пополнат две анкети. Откако ја завршиле првата, им било кажано да почекаат 15 минути пред да ја добијат втората. Им била дадена опција првата анкета да ја предадат на таа локација, или да одат пеш до друга локација и да ја дадат таму. 68 студенти избрале да останат на истото место.
Според резултатите, оние студенти кои решиле да пешачат, подоцна биле посреќни од оние кои останале. Заклучокот на професорот Си е дека зафатеноста имала ефект на нивната среќа. Неговиот совет до сите е „Работете што било, без разлика колку бесцелно или безначајно ви се чини“. Тој додал и дека не мора да трчате наоколу за да бидете зафатени, истиот ефект можете да го постигнете и со длабоко размислување бидејќи целта е вашиот мозок да биде зафатен.
Професорот открил дека го тестирал наодот од оваа студија врз еден од неговите асистенти, со тоа што постојано му давал безначајни задачи и додал: „Знам дека не е етички, но барем е среќен“. [Better busy than doing nothing, scientist proves]