Најпосле, некој се сети да ги спои билијардот и куглањето во еден нов спорт, кој е наречен нокерс. Се чини интересно, зарем не?
Доколку ви е здодеано да играте билијард во нормални услови и да ја удирате белата топка со стап, тогаш ќе го обожавате овој нов спорт. Масата е зголемена во размер 4:1, доволно голема за да можете да застанете врз неа, а наместо обичните топки за билијард, се користат кугли.
Овој нов спорт е изум на Стив Винек, поранешен полупрофесионален фудбалер и борач. Прототипот го изградил во својот двор, во Фредериктаун, Мисури. Правилата се речиси идентични со стандардните правила за билијард со 15 топки, со таа разлика што имате право да ја поместите белата топка, но не смеете да ги одлепите стапалата од подлогата, откако сте ја допреле топката.
Во мигов, изумителот работи на наоѓање инвеститори, со чија помош ќе направи преносна верзија од масата и топки што ќе издржат повеќекратно удирање. [Knokkers – Billiards & Bowling, Together At Last!]