До крајот на неделава сончево и топло до 40 степени

Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со појава на попладневна облачност и со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР.

Повремено и особено на крајот од работната недела ќе има услови во планинските подрачја за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 31 до 40 степени.

- Реклама -