Џулија Робертс откри симпатичен детал од бракот: „Тоа беше добитна комбинација“

На овогодинешниот настан на рокенрол Куќата на славните, пред присутните се обратија многу познати ѕвезди. Една од нив беше актерката Џулија Робертс, која претстави еден од нејзините омилени бендови – Дејв Метјуз.За време на нејзиниот говор, таа откри сладок детал за нејзиниот брак со сопругот Дени Модер, американски кинематографер кој има работено на филмови како Тајната во нивните очи, Мексиканецот и светулките во градината. Таа се присети на нивниот прв заеднички танц пред години и на посебната песна која свиреше во позадина.„Првиот пат кога танцував со мојот сопруг беше на песна од бендот Дејв Метјуз. Тоа беше добитна комбинација за мене бидејќи бев маѓепсана и од мојот сопруг и од овој бенд”, изјави Џулија. Таа истакна дека долги години е голем фан на овој бенд и носеше маица со нивното име.Таа изрази голема благодарност што имала можност да го претстави овој бенд на еден од најголемите музички настани и истакна дека верува дека Дејв Метјуз заслужува да биде дел од Рокенрол Куќата на славните.Во еден момент, Дејв Метјуз и се придружи на сцената и и се заблагодари за убавите зборови и спомените кои ги сподели со публиката.„Каква ноќ. Дејв Метјуз засекогаш“, напиша таа подоцна во објава на Инстаграм.За потсетување, на овој настан се избираат рок музичари и рок бендови за кои се смета дека имаат големо влијание врз музиката од рок жанрот ширум светот.Шер беше примена во Куќата на славните на настанот заедно со Ози Озборн, хип хоп ѕвездите Мери Џеј Блајџ и Кул и Ганг, рок-групите Foreigner и Дејв Метјуз, гитаристот роден во Бромли, Питер Фрамптон и соул пејачката Дион Ворвик.Текстот Џулија Робертс откри симпатичен детал од бракот: „Тоа беше добитна комбинација“ е превземен од МАКФАКС.
Извор