Кога ќе се сретнат светот на велосипедите, луксузот и модата ги добиваме овие ретки примероци велосипеди за оние кои сакаат да се возат со стил.
Кога ќе се сретнат светот на велосипедите, луксузот и модата ги добиваме овие ретки примероци велосипеди за оние кои сакаат да се возат со стил.
Велосипедот од Fendi – Abici Amante Donna доби моден еквивалент на благослов на папата – целосна страница во јунското издание на Vogue во 2009. Вкупната цена на овој велоспед со комплет аксесоари од кожа и Fendi ташничка од 720 евра на рачките е 4.360 евра.
Во ограничено издание од само 50 примероци, овој редок примерок со осум -брзини кој го носи потписот на Chanel е вистински пример за декаденција на две тркала. Цена: Околу 12.000 евра.
Црвениот велосипед дизајниран од Gucci по повод олимпијадата во Пекинг можеше да се купи само во продавниците на Gucci во Кина за околу 2.500 евра.
Велосипед за деца со Swarvoski кристали дизајниран од Bronzieri и Stefano Cavaller. Цената се уште не е објавена.