Португалскиот дизајнер Габриела Гомез создаде интересно и компактно живеалиште. Нејзината работа, Shelter Bygg, е комбинација од архитектура, дизајн и скулптура.
„Станот” располага со две спални и купатило, што е доволно за еден мал дом, совршен за бегство од градската врева, без жртвување и удобност која прилега на вистински дом. И сето тоа во димензии 295 х 645 X 230 сантиметри.
Но, најважно е тоа што Shelter Bygg е целосно независен од било каква инфраструктура. На покривот се монтирани соларни панели, кои испорачуваат енергија на целата куќа. Ова го прави Shelter флексибилен и мобилен , но во исто време функционален.