Постојат милиони различни дизајни за велосипеди, секој погоден за специфичен терен. Continuously Ergonomic Race Vehicle – или CERV – обид за создавање на еден велосипед кој може во движење да се приспособи на секој терен.
Ова е луд концепт кој изгледа доста лудо. Само што ќе го видете велосипедот знаете дека има нешто чудно кај него. Првиот прототип за овој необичен велосипед без ланец бил создаден од Priority Designs за EuroBike 2012. Предниот дел се приспособува на различни висини зависно од тоа дали се искачувате или спуштате од рид.
Клучот за дизајнот е фактот што и додека рачките се подигаат или спуштаат растојанието помеѓу седиштетот и педалите останува ист. Проблемот е што на велосипедите предната вилушка им е неопходна за управување. Тоа значи дека механизмот за управување морал целосно да биде изменет и приспособен на приспособливиот дизајн.