Diwheel, електрично возило кое и пркоси на гравитацијата (видео)

возилоНаучници од Австралија создале чудно електрично возило кое и пркоси на гравитацијата и изгледа како да излегло од Војна на Ѕвездите. Инженерите од Универзитетот од Аделаида велат дека нивното Diwheel му овозможува на возачот – сместен помеѓу две големи тркала – да вози со главата надолу ако така сака.

Ова е возможно бидејќи внатрешната рамка е сместена во обемот на тркалата на тој начин што истата може да биде слободно ротирана додека возилото се движи со брзина од 40 километри на час. Возачот користи палка за да го контролира чудното возило кое е наречено Edward – кратенка за Electric Diwheel With Active Rotation Damping. Професорот Бен Кацолато изјавил: „Често нè прашуваат зошто го направивме? Зошто направивме ролеркостер? Бидејќи е забавно!“
возило„Покрај неверојатната возбуда која се добива додека го возите EDWARD, има и сериозни педагошки причина за создавање на вакво возило. Студентите по инженеринг учат за модерен системски дизајн и контролни техники – истите методи кои ќе ги користат кога ќе работат како инженери“ додал професорот. За разлика од претходни дизајни за слични возила кои користеле човечки погон или мотор со внатрешно согорување, EDWARD е целосно електрично возило [EDWARD – Electric Diwheel With Active Rotation Damping]

{youtube}Uf6Gh-hPDeo{/youtube}

- Реклама -