Директорот што им плаќа на работниците за повеќе да спијат

113b93c[1]

Марк Бартолини е човекот на чело на една американска компанија за здравствено осигурување. Нема да го наречеме директор, зашто презема некои чудни чекори што просечниот директор може да ги оцени како опасни за професијата наречена „директорување“.

Имено, Бартолини воведе програма во која на вработените им се плаќа дополнителна сума ако спијат по седум или повеќе часови во текот на ноќта. Тие што се вклучени во програмата носат Fitbit т.е. посебен уред – „фитнес тракер“, кој регистрира колку долго спиел поединецот. Резултатите ги проверува трето (непристрасно) лице.

Бартолини верува дека постои директна врска помеѓу сонот и продуктивноста на работа, а со тоа и зголемувањето на профитот на компанијата. Тој тврди дека откако компанијата се залага за наспани работници, вработените ја зголемиле ефикасноста за 69 минути месечно.

„Ако вложуваме во нашите вработени, тоа и позитивно ќе се одрази на нивното здравје, но и на приходите на фирмата“, заклучува тој.

- Реклама -