Директорот на најпознатиот светски произведувач на фармерки, компанијата Levi Strauss & Co, ја изненади јавноста со неговата изјава дека фармерките не треба да се перат.
Тој изјави дека неговите фармерки ги носи веќе една година без да ги испере.
Според Бергх, постојат методи како што се отстранување на флеки каде што едноставното проветрување е доволно. Сето ова е поткрепено со неговата изјава дека и покрај тоа што не ги пере своите фармерки се уште нема добиено никаква кожна болест.
„Најважно од се е нашите производи да ја чуваат природната околина. Ако купите фармерки од нашиот бренд, тогаш тие ќе траат подолго отколку обемот на струкот кај повеќето луѓе”, изјави тој.
Со ова тој напомена дека нивните фармерки не мора да се перат, особено линијата “Waterless”, за која дури и во производството се користи значително помалку вода од вообичено.
Неговите изјави за перењето на облека не се ништо ново, а теоријата за фармерките ја презентира веќе со години, при што често спомнува дека е добра идеја да се замрзнат фармерките од сезона до сезона, што претставува превенција за бактерии.