Директор на училиште поднесе оставка поради предизвикана сообраќајна нecpeќа: СДСМ презема одговорност!

Директорот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица, Битолско – Димитар Пипилевски, се повлекува од функцијата директор, но и од извршниот одбор на општинската организација до претседателот на ОО на СДСМ Битола, соопшти тој во отворено писмо испратено до порталот „Апла.мк“. Како причина за оваа негова одлука тој ја наведува моралната и етичка обврска која произлегува од сообраќајната нecpeќа што ја предизвикал под дejcтво на алкoxoл.

„Чувствувам морална и етичка обврска да се произнесам по неодамнешните случувања. Имено, во четвртокот, 3.10.2019 година, околу 20.00 часот, предизвикав сообраќајната нeзгoда под дejcтво на алкoxoл. Заради ова, поднесувам оставка на местото директор при ОУ ‘Крсте Петков Мисирков’, Бистрица“, пишува тој, додавајќи дека СДСМ, на која е член, е партија што не бега од одговорност.

„СДСМ е сериозна партија и ние, покрај обврските, ги преземаме и сите одговорности кои ни ги налага функцијата. СДСМ нема да прикрие cooбpaќајки со замена на возач, СДСМ нема да употребува хилти за непослушниците, СДСМ нема да руши објекти заради политички притисок, СДСМ нема да рекетира фирми и да прави ‘Бели палати’, СДСМ покачува плати, пензии, социјална помош, СДСМ ја носи Македонија пред вратите на европското семејство, и што е најважно, СДСМ презема одговорност за постапките. И да, токму чувството за одговорност и совесност им даваат суштина и веродостојност на зборовите ‘НА ПРАВ ПАТ’“, вели Пипилевски.

Прочитајте и:  СДСМ се враќа во форма, кризата од изборите е надмината - вели Филипче

„Сега чувствувам потреба и да спомнам за сработеното во мојот едногодишен мандат: целосна реконструкција на ПУ Жабени; изградба на спортска училница и замена на дел од кровот во ПУ Меџитлија; целосна реконструкција на двете училници во ПУ Граешница; заедно со пријателите, опремивме, технички и со фонд од 8000 наслови, библиотека во ПУ Кишава; Ова е само мал дел од сработеното, но ги поканувам сите заинтересирани да го посетат училиштето и да се уверат. Во секој случај останувам целосно посветен на мојот ангажман за подобрување на условите во училиштата и во регионот каде припаѓаат и несебично ја нудам мојата помош во иднина. Се надевам со оваа моја постапка ќе им бидам пример и на учениците, како да се преземе одговорност за постапките“, пишува тој во писмото.

- Реклама -