Многу извештаи тврдат дека iPhone 5S е најбрзиот смартфон на пазарот благодарение на новиот 64 битен А7 процесор со две јадра, но од друга страна Samsung Galaxy S4 владее на тестовите на перформанси со најдобри резултати, па затоа директната споредба е начин да се провери кој од овие врвни смартфони навистина го заслужува епитетот најдобар.
Во видео споредбата рамо до рамо се тестираат iPhone 5S наспроти Samsung Galaxy S4 кој всушност има две верзии, едната со супер брзиот Qualcomm Snapdragon 600 со четири-јадра, а втората со осум-јадрениот Samsung Exynos Octa процесор. Интересно е што првиот тест е со бенчмаркот Geekbench со кој се откри дека Samsung ги лажирал резултатите, но со Galaxy Note 3.
Во првиот тест апсолутен победник е Samsung Galaxy S4 и тоа изненадувачки со четири-јадрениот Qualcomm процесор, на второто место е верзијата со Exynos процесорот, а iPhone 5S е трет и е двојно побавен според резултатите кои беа потврдени на два пати.
Понатаму се тестира брзината на интернет со отворање на страници во прелистувачот Google Chrome каде речиси и да нема позабелеќителна разлика меѓу смартфоните, иако и во овој случај iPhone 5S за нијанса заостанува зад своите противници.
Третиот тест беше по малку проблематичен и за двата модела бидејќи најпрво Samsung Galaxy S4 не можеше да ја отвори најновата тркачка игра Asphalt 7, додека при повторениот тест iPhone 5S имаше мали проблеми со стартувањето на Real Racing 3. Двата смартфони конечно профункционираа со тестот на Iron Man 3 каде Samsung Galaxy S4 е за нијанса побрз, иако и двата конуренти релативно брзо стартуваа со играта.
До крајот на видеото се прави истата споредба но, со други игри, а на ред на тестирање дојде Samsung Galaxy S4 со осум-јадрениот процесор кој на моменти е побавен во реакцијата од iPhone 5S што е вистинско изненадување.
Според сите направени тестови се утврдува дека ниту еден од смартфоните нема огромна надмоќност, но на некој начин Apple издвојува голема победа кој иако не користи четири или осум јадрени процесори, сепак има одлична оптимизација на софтверот која допринесува за речиси еднакви, а на моменти и подобри перформанси.
[youtube]http://youtu.be/kKfL6WScfAA[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.mk