Димовски: Ако нашите дедовци се бореле против „администрација“, тоа ги прави „терористи“ и „убијци“

„Има ли бре еден да седне да му објасни? Ќе му преќутите ли пак?“, прашува експратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во пост на Фејсбук во кој жестоко го критикуваше премиерот Заев за неговите изјави во интервјуто за БГНЕС.

Димовски, за почеток, ги критикуваше аргументите на Заев за „блискоста“ на македонскиот и бугарскиот јазик, а оттаму и меѓу двата народа.

„Да не правиш разлика меѓу дијалект и јазик е страшно…
Но да не правиш разлика помеѓу бугарски и македонски дијалекти е уште пострашно…

Во Струмица и Петрич се зборува исто (слично), ДА, но на ист дијалект… кој е дијалект во/на македонскиот јазик…

Ама и во Делчево и Благоевград (Горна Џумаја) се зборува исто (слично), на ист дијалект, но различен од првиот, оној од Струмица и Петрич… а, пак дијалект од македонскиот јазик…“, наведува Димовски покрај уште неколку слични примери (можете да ги прочитате во постот), со апел некој да му ги објасни овие научни прашања на премиерот.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Во неколку секунди се покажа целото лицемерие на СДСМ, по историскиот грабеж на државата Заев и Филипче се журкаат во Дубаи

Во постот, Димовски ја коментираше и изјавата на Заев дека немало „бугарски фашистички окупатор“, туку „некојпат некоја админстрација“.

„Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против ‘администрација’, тогаш тоа нив ги прави ‘терористи’ и ‘убијци’, а не ослободители… ова по меѓународно право…“, поентира Димовски.

- Реклама -