Димитров: Зоран ми рече – Колку се поголеми пречките, толку поголема ќе биде радоста

„Одиме напред!“, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на Фејсбук, цитирајќи притоа зборови што му ги рекол Зоран Заев:

„Зоран, за еден од големите предизвици на кои работевме заедно последниве три години ми рече: Колку се поголеми пречките, толку поголема ќе биде радоста за успехот кога ќе ги надминеме! Одиме напред!“, напиша Димитров.

Тој вчера ја соопшти веста дека Европската комисија ја утврди предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија (и Албанија) и истата оди во рацете на земјите членки, прво на дебата, па потоа и на усвојување. „Да ни е со среќа!“, порача вчера Димитров.

- Реклама -