Димитров: Сѐ што со години функционирало и сме го сметале за нормално, сега да се земе со резерва

„Практично во рамките на Шенген – што значи една зона од многу држави без граници, каде нема контроли итн., заради оваа вонредна здравствена ситуација, дел од земјите членки на ЕУ сепак воведуваат граници“, ја објасни министерот за надворешни работи Никола Димитров најавата на претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, дека се разгледува привремено затворање на Шенген зоната.

Како што соопшти таа преку видео обраќање по видеоконференцијата со лидерите од Г7 групата, потврдувајќи ги информациите на медиумите, лидерите на ЕУ предложиле 30-дневна привремена забрана за влез во шенген зоната, со можност истата да биде продолжена, а со цел да се спречи/намали ширењето на коpoнавирусот.

 

Фон дер Лајен прецизираше дека, според нацртот, изземени од забраната ќе бидат оние кои имаат регулиран постојан престој во ЕУ, членовите на семејствата на државјаните на земјите членки, лицата кои транспортираат роба, како и дипломатите и доктори, медицински сестри и експерти кои помагаат во бopбата да се запре Ковид-19.

„Документот што сега се дебатира, којшто е во форма на нацрт, дава одговор и на прашањето што точно ќе значи ова ограничување“, рече Димитров.

„Основната порака во таа смисла ми е: За сѐ тоа што функционирало со години и го сметаме за нормално и очекувано, во овој период мора да имаме резерва. Значи очекувано е кога купува човек билет со повратна карта, дека ќе има повратен лет. Во оваа ситуација, со овој здравствен предизвик насекаде, тоа е веќе неизвесно. Не значи дека ако имате повратен билет, дека авионот ќе биде таму и ќе ве врати.

Прочитајте и:  ЕУ поделена околу одлуката на Бајден за напади длабоко во Русија, се стравува од нуклеарна војна

Да бидам внимателен, да почекаме да видиме да усогласи ЕУ став, ќе го прочитаме целосно, но најверојатно за земји што не се членки ќе се затвори влезот, освен за суштински патувања – возачи на камиони, лекари, официјални претставници итн.“, одговори Димитров.

Фон дер Лајен, пак, изјави дека иако треба да се гарантира интегритетот на внатрешниот пазар на ЕУ и слободното движење на добра, главен приоритет за ЕУ е здравјето на граѓаните и ограничување на пандeмиjaта.

„Им ја должиме вистината на граѓаните: Оваа кpиза е сериозна, таа ќе биде долга и тешка. Tреба да бидеме обединети и солидарни, треба и да ги повикаме граѓаните на самодисциплина. Секој треба да ги почитува препораките на властите, сите треба да бидеме одговорни чинители“, порача претседателката на Европската комисија.

- Реклама -