Димитров: Нема ниту еден историски доказ за постоење на македонски народ и македонска држава

Тешко дека има држава што повеќе од Бугарија сака Република Северна Македонија да стане членка на Европската унија, но има едно големо „но“, што тоа зависи од подготвеноста на земјата кандидат – истакна во гостување во „Денот започнува“ на БНТ, претседателот на бугарскиот дел од заедничката комисија со Бугарија за историски прашања – историчарот Ангел Димитров.

„Сакам да кажам, РСМ е подготвена да може да ги започне преговорите, но не гледам основа за тоа“, појасни Димитров, на само два дена пред следниот состанок на мешовитата комисија, кој е закажан за во четврток.

„Ќе дискутираме за истото што го зборуваме веќе 5 состаноци по ред. Заглавивме во 10-11 век – крајот на Првото бугарско царство, времето на Цар Самуил и неговите наследници. Не ни останува време да зборуваме за заедничкото чествување на двете држави на Гоце Делчев“, рече Димитров, прашан што очекува и што ќе се зборува на средбата.

Прочитајте и:  Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе се знае крајот на процесот

Според него, клучната пречка е што од македонска страна нема волја да се работи според основните принципи на секоја наука, што конкретно во случајот на историската наука се повикувањето и уважувањето на фактите и изворите.

„За нив тоа е лизгав терен затоа што нема ниту еден историски доказ во кој се зборува за постоење на македонски народ, за македонска држава, и дека Самуил е македонски цар – врз основа на што би започнале сериозна дискусија“, изјави историчарот.

Прашан за иднината на заедничката мешовита комисија за историски прашања, Димитров оцени дека колку и да изгледа бесплодна нејзината работа, таа го привлекува вниманието на јавноста во двете земји, но и е „показател за состојбата на билатералната комуникација“.

- Реклама -