Бугарскиот тенисер Григор Димитров ќе го замени Шпанецот Рафаел Надал откако своевремено најдобриот светски тенисер се повлече од Лејвер купот што ќе се одржи од 20 до 22 септември во Берлин.
Надал се повлече од седмото издание на Лејвер купот, пресметката меѓу Европа и остатокот од светот, поради загриженост за неговата физичка подготвеност.
„Тоа е екипно натпреварување и за навистина да го поддржам европскиот тим, морам да го направам најдоброто за нив, а тоа е да се повлечам. Во моментов има други играчи кои можат повеќе да му помогнат на тимот“, изјави 38-годишниот Надал. .
Неговото место ќе го заземе 33-годишниот Димитров, моментално десетти тенисер во светот.
Покрај него, во европскиот тим, предводен од легендарниот Швеѓанец Бјорн Борг, ќе се најдат и Шпанецот Карлос Алкараз, Германецот Александар Зверев, Русинот Данил Медведев, Норвежанецот Каспер Руд и Гркот Стефанос Циципас.
Остатокот од светскиот тим, предводен од Џон Мекинро, ќе настапат Американците Тејлор Фриц, Френсис Тиафо и Бен Шелтон, Аргентинецот Франциско Серундоло, Чилеанецот Алехандро Табило и Австралиецот Танаси Кокинакис.
Европа го освои Лејвер купот четири пати во изминатите шест изданија.