Димитриевски за ДУИ: Влегоа со пушка, ја презедоа и извршната власт, сега на ред се правосудството и Обвинителството

Македонија веќе не се ни менаџира, туку е пуштена во слободен пад. Секој гледа начин како да приграби што повеќе и да си го докапитализира личниот капитал, и потоа да замине, оценува кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во интервју за „Макфакс“.

Според него, нема дилема дека ДУИ владее со сите сфери на државата.

„ДУИ владее со оваа држава повеќе од 20 години; Влегоа со пушка, во Собранието добија поддршка, од законодавната ја презедоа и извршната власт, па сега на ред се правосудството и Обвинителството“, вели Димитриевски.

Тој смета дека ситуацијата оди во насока на измачување на граѓаните и затоа треба што поскоро да се стави крај на тоа. Стремежот, оценува, е да се дојде до тотална депресија за контрола врз гласачите за да обезбедуваат континуирана власт. Интервјуто можете да го погледнете ТУКА.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични
- Реклама -