Според обработените податоците од страна на Државната изборна комисија, а пристигнати од 95.39% од избирачките места, до 13 часот гласале 359.024 избирачи, односно 20.73% од вкупниот број гласачи.
Ако се следи трендот и доколку би се обработиле податоците и од последните помалку од 5% избирачки места, тоа би значело дека до 13 часот на гласање излегле околу 370.000 гласачи, соопшти портпаролката на ДИК – Љупка Гугучевска.
Најголема излезност, по општини, има во Крива Паланка – 39.69%, Крушево – 34.33%, Прилеп – 33.84%, Кратово – 33.82%, Гевгелија – 33.07% и Берово – 31.53%.
Најниска излезност има во Желино – 4.22%, Врапчиште – 6.12% и Боговиње – 6.21%.