ДИК: Излезноста до 18.30 часот е 44.5%, избирачките места без нерегуларности

Според обработените податоци од 3.428, односно 97.61% од избирачките места, до 16.30 часот (и некоја минута плус), на гласање излегле вкупно 795.577 гласачи, што е 44.5% од вкупниот број на запишани избирачи, соопшти претседателот на Државната изборна комисија – Оливер Деркоски.

Со тоа, и дефинитивно е исполнет цензусот потребен за избор на претседател во вториот круг.

Што се однесува до самиот изборен ден, Деркоски оцени дека поминал многу добро, мирно и достоинствено. Од избирачките места не се пријавени никакви нерегуларности (за нерегуларностите надвор од нив ДИК не е надлежна).

Во секој случај, следниот чекор е пребројување на гласовите, а тоа што е сигурно е дека веќе вечерва државата ќе го добие својот нов претседател.

 

- Реклама -