Дибиров се поздрави: Фала за сè, Македонија и Македонци!

Вечерва во 20.00 часот, против ПИК Сегед во четвртфиналето на Лигата на шампионите, оваа шампионска генерација на РК Вардар го игра својот последен натпревар на домашен терен во ваков состав.

По најавата на Сергеј Самсоненко дека се повлекува од „Вардар“ затоа што не може веќе да го следи трендот на инвестирање, извесно е дека од следната сезона голем дел од играчите од шампионската постава ќе заминат во други клубови.

Еден од нив е и Тимур Дибиров – еден од ракометарите со најдолг стаж во црвено-црните и еден од првите засилувања кои Самсоненко ги доведе во клубот.

„Последен натпревар. Фала за сè, Македонија и Македонци“, порача тој на Инстаграм, споделувајќи неколку фотографии од (а што друго ако не тоа) кревањето на европскиот тофеј и шампионскиот пречек во Скопје.

 

View this post on Instagram

 

Last game🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰Fala za se Macedonia I Macedonci🙏🏻🙏🏻🙏🏻🙏🏻🔴⚫️

A post shared by Timur Dibirov (@timurdibirov31) on

 

- Реклама -