Home Свет Џиновски стаорци го освојуваат светот?

Џиновски стаорци го освојуваат светот?

0

Како да не се доволно страшни во нивната нормална големина, во моментов низ светот се почесто се појавуваат џиновски стаорци. Неколку такви стории веќе беа објавени на вестите во САД, а судејќи по нив, стаорците се поголеми од мачки. Не можете а да не бидете скептични и помислите дека следните фотографии се фотошопирани – ама не се. Џиновските глувци веќе се документирани во неколку земји ширум светот и се чини дека брзо преминуваат во сериозна закана по луѓето.

giant-rat-550x365[1]

Во Велика Британија, на пример, неколку од овие штетници беа фатени во серија, а најголемиот од нив со должина од 60 сантиметри! Сопствениците на домот најпрво слушнале гласни звуци на гребење и џвакање дрво. Поставиле камера во поткровјето, а кога се увериле дека се работи за стаорец, морале да направат дупка во таванот за да го фатат. Кога конечно го уловиле, биле запрепастени од неговата големина – бил голем колку мачка.

giant-rat5-550x366[1]

Вработен од „Контролата за штетници“ вели дека се изненадени од честоста и димензиите на стаорците во последно време. Тој претпоставува дека тоа се должи на отпадот од домаќинствата што се фрла во близина на домовите, како и на глобалното загревање. „Не беше доволно студено зимава за да ги убие стаорците. Има огромни количини храна во канализацијата каде што тие живеат, па ако живеат подолго и јадат повеќе, ќе бидат се поголеми“.

Една седмица претходно, Ерик Корсас и неговото семејство, од Шведска, биле преплашени кога стаорец голем 40-тина сантиметри влетал во кујната во нивниот стан во Стокхолм. Дури и мачката била стаписана и одбивала да се доближи до џиновскиот провалник. Натрапникот бил фатен со помош на прилагодена стапица, а потоа фотографиран и објавен на социјалните мрежи. Еве го:

giant-rat2-550x714[1]giant-rat3-550x838[1]

По се изгледа, научниците ја имаат предвидено оваа абнормалност кај стаорците уште многу одамна. Всушност, во научните кругови се смета дека стаорците и понатаму ќе еволуираат и ќе растат се поголеми и поголеми и дека еден ден би можеле да бидат големи колку овца. Тие се познати по нивната способност за преживување и нивната огромна адаптибилност во однос на околината. Дополнително, тие се веќе имуни на многу од отровите што се користат за нивно истребување. Др. Јан Заласиевич вели: „Ако им дадеме доволно време, стаорците веројатно ќе почнат да растат и до тежина од 80 килограми“. Единствената добра вест е што тоа нема да се случи пред да поминат неколку века.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here