Кога ќе се спомене Џим Кери прво што ни паѓа на памет е неговата смешна фаца и легендарните комедии во кои се има појавено. Денеска ќе го запознаеме од еден поинаков агол – агол во кој актерот со голема мудрост зборува за своите искуства и животот како едно големо искуство.
„Многу сакам луѓето да разберат дека никогаш нема да пронајдат ментална рамнотежа во своите стремежи, богатство и слава. Сè што добиваме во животот подоцна се распаѓа на мали парченца. Од нас останува само она што било во нашето срце. Тоа ни е највредната валута.
Што можете да направите за светот? Сето она што можете да го направите за да го откриете вашиот талент. Тоа е сè што е потребно да дознаете. Потоа вие ќе можете да се вклучите во играта, можете да и се спротиставите на војната, но за да го дознаете светот навистина, треба да расчистите со себе.
Татко ми можел да стане одличен комичар, но тој никогаш не поверувал во себе и претпочитал да стане сметководител. Кога имав 12 години, се сеќавам дека го отпуштија од работа и нашето семејство беше на работ на опстанокот. Научив многу од својот татко, но една од најважните лекции беше – ако се занимаваш со нешто што не го сакаш, многу е веројатно да паднеш. Ризикувај и прави го она што ти лежи на душа.
Сакаме да влијаеме врз светот на позитивен начин, но повеќето од нас воопшто не знаат како да го направат тоа. Го посветуваме целиот живот на училиштето, потоа на работата … А потоа многу од нас се свесни дека целосно заборавиле на срцето и на оние работи кои им причинуваат радост. Да не зборуваме дека за целото тоа време некој ни кажува што треба да правиме, какви да бидеме и што е “добро” за нас. Како резултат на тоа, ние секогаш се плашиме што ќе помислат другите за нас.
Никој не нè учел да ги следиме своите внатрешни налети и аспирации, да ризикуваме. Нас секогаш ни учеле дека треба да играме по правилата. Потопени во секојдневната рутина, ние целосно ги игнорираме својата душа, интересите, и на крајот многу од нас се наоѓаат во постојана депресија.
Не треба да се плашите од ништо. Стравот е присутен во животот, но само вие одлучувате колку ќе ви влијае. Можете да го поминете целиот живот мислејќи на тоа што би можело да се случи и постојано да ја преживувате иднината, но најважно е само она што се случува овде и сега, важни се оние решенија кои ги заземате токму во овој момент.
Животот е премногу краток, затоа не треба да се плашиме да излеземе надвор од рамките на прифатените шаблони. Ризикувате. Не мислете на крајниот резултат, следете го инстиктот и уживајте во патувањето.
Секогаш можете да направите чекор на патот кон својот сон. И не е важно дали овој чекор е мал или голем. “