Отава, 26 декември 2021 (МИА) – Западните земји треба да се обединат против Кина за да ја спречат да ги користи трговските интереси во обид да ги насочи една против друга, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.
Тој нагласи дека Кина ги „изиграла“ западните земји така што тие се натпреваруваат едни против други за пристап до економските можности во таа земја.
„Ние се натпреваруваме и Кина, од време на време, нѐ изигрува многу паметно на отворен пазарен, конкурентен начин“, изјави тој во интервју за Глобал Телевизија.
Канадскиот премиер порача и дека Западот мора подобро да соработува и да биде посилен за Кина, за да ја спречи како што рече, со лукави работи да бара начини да добие предност и да ги сврти западните земји една против друга.