Девојкава има 30 години и е капетан на Boeing 777, а ти?

Индијката Ани Дивја стана најмладата жена капетан на авион Boeing 777 во светот, соопштува британскиот весник Independent.

Иако доаѓа од скромно семејство, тоа не ја спречи да ја добие титулата на само 30 години – нешто што отсекогаш било сметано за невообичаена амбиција во нејзината средина.

„Уште од детските години сакав да станам пилот, иако немав баш претстава како да го направам тоа“, споделува Ани. Родителите ѝ помогнале да ја избегне традиционалната кариера и наместо тоа ја запишале во академија за летање.

„За моја среќа, имав голема поддршка од родителите, иако многу луѓе ги советуваа да не ме праќаат на часови по летање. Сите се противеа, особено поради високите партиципации, кои беа особено тешки за моите родители во тоа време“, раскажува Дивја за индиски Mirror Now.

Но Ани напорно учела и работела, па наскоро добила и стипендија. Ја завршила обуката за пилот на акаедемијата Indira Gandhi Rashtriya Uran Akademi на возраст од 19 години. Наскоро добила работа во Air India во 2006-тата. Со платата од Air India ја менува судбината на своето семејство. На брат ѝ и сестра ѝ им го финансира образованието во странство, а на родителите им купува куќа. Таа пак, се запишува на курс по класично пијано.

Обуката ја продолжила во Шпанија, каде што научила да лета со Boeing 737. Набрзо ѝ било понудено и да стане капетан на 737. Но, наместо тоа, Ани била решена да продолжи да го следи сонот – да лета со поголемиот Boeing 777 (777 е long-range, додека 737 е short-medium range авион), авионот што ѝ бил омилен уште од дете. Па продолжила со напредна обука во Лондон.

Денес редовно лета до Њујорк, Чикаго и Сан Франциско. И тоа, со омилениот авион – Боинг факин 777.

Разликата меѓу 737 и 777.
Исто.

 

- Реклама -