Не се работи за магија, за измама, за плексиглас платформа или блок од мраз (како што прават „магионичарите“). Се работи за перцепција.
30-годишната Ленка Танер од Словачка (живее во Нотингем, Велика Британија) е синхронизиран пливач и како што прочитавте во насловот, може да оди по вода – додуша од обратната страна. Таа е првата што изведе ваква „библиска“ акробација, за која вели дека тренирала цели две децении.
„За мене, трчањето по вода не е толку тешко, затоа што го вежбам повеќе од 20 години“, вели Ленка, од друга страна додавајќи дека нејзиниот приоритет е да го популаризира и подобри спортот. Таа е тренер на AquaStar, нејзин сопствен тим во синхронизирано пливање.
Во меѓувреме, позира како подводен модел и се појавува во реклами, како на пример во најновата реклама на туристичката компанија Kuoni. Зошто? Затоа што изгледа фанстастично.