Девојка бесна зашто не ѝ ја платил сметката од 110 евра на првиот состанок

Порано, кога жените повеќе беа домаќинки и не заработуваа, беше нормално мажите да ја плаќаат сметката на состаноците. Тоа останува широко прифатена норма и денес, но се случуваат и промени. Во Данска, на пример, ако мажот инсистира да плати за сé, дури може да биде прогласен и за безобразен и сексист.

На еден корисник на Reddit, меѓутоа, му се случило обратното. Корисникот „u/CuteBananaMuffin“ ја сподели приказната за скорешниот свој состанок со една девојка, за кој сметал дека и не поминал така лошо, па ја повикал и на втор. Но од нејзината реакција сфатил дека сметката во ресторанот од првиот состанок сепак била пресудниот момент.

„Состанокот почна добро и беше забавно сé додека таа не почна да зборува за друг тип и колку многу ѝ се допаѓа. Си реков, ‘океј, ајде да јадеме, да зборуваме и да си заминеме, штом ѝ се допаѓа друг тип’, а сé се сруши кога дојдовме до сметката. Таа беше шокирана што ја оставив да си го плати својот дел. Не рече ништо тогаш, ама од нејзиниот израз на лицето сфатив дека беше бесна“, раскажува момчето.

„Обично плаќам за двајцата кога се работи за сметката, но јас сум студент и работам 60 часа неделно за да платам за храна, книги и сл., па очигледно не можев да си дозволам да платам 110 евра за нејзината вечера. Ја повикав на втор состанок сакајќи дури и да се извинам, надевајќи се дека ќе одиме на некое поевтино место за да надокнадам, но како што можете да видите, резултатот беше навистина лош…“.

Како што се гледа од разговорот подоле, девојката го одбила бидејќи не платил за нејзиниот јастог и вино (110 евра), и покрај тоа што таа го повикала на состанокот, а тој јадел само карбонара (тестенини) и пиел пиво, што го чинело вкупно 17.5 евра. Кога момчето ги изнело горенаведените факти во своја одбрана, додавајќи дека тој е само студент, а не нејзин спонзор, девојката го нарекла „безобразен“, а го обвинила и дека е „геј“, инсистирајќи дека ако не може да плати за вечера за девојка, тогаш не требало ни да го прифати состанокот.

Кога тој одговорил дека всушност бил џентлмен што воопшто не си заминал кога таа почнала да зборува за друг, девојката му порачала да „одј*бе“ и го обвинила дека и онака намерата му била само да имаат ceкc. „Секако дека сакав да имам ceкc со тебе. Но тогаш сфатив дека можеби нема да ми останат 20 евра за да платам за тоа“, одговорило момчето.

- Реклама -