Девојчето што не старее (видео)

Повеќе... Со своите 16 години и нешто малку повеќе од 7 килограми, Брук Гринберг е мистерија за научиците заради фактот што таа не старее.

the-girl-who-does-not-age-m.jpgСо своите 16 години и нешто малку повеќе од 7 килограми, Брук Гринберг е мистерија за научиците заради фактот што таа не старее.

Иако Брук има 16 години, нејзините ментални способности се како на едногодишно дете. Таа е со мал раст и изгледа како бебе, сè уште има млечни заби, додека нејзините коски се како на десетгодишно дете. Брук не старее на  вообичаен начин. Др. Ричард Вокер од Универзитетот во Јужна Флорида вели дека телото на Брук не се развива како координирана целина, туку како одделните делови да се развиваат независно едни од други.

Брук досега не беше дијагнозирана со ниеден познат на науката генетски синдром или хромозомска абнормалност што би дало објаснување за нејзината состојба. Научниците се прашуваат дали таа може да им ја открие тајната за вечната младост. Тие се надеваат дека ако ја одгатнат состојбата на Брук, можат да откријат многу повеќе и за процесот на нормалното стареење. 

{youtube}4nUU4w0vPEQ&feature=player_embedded{/youtube}

- Реклама -