Александра Недошан од Кикинда, седум години беше заштитно лице на плазма кексите, а во моментов има 19 години.
Сите ја викаат Бамбика, а погледнете како изгледа денес прекрасното русокосо девојче.
„Конкурсот беше распишан во 1999-та година, а се пријавија повеќе од 2000 девојчиња. Мајка ми до последен момент мислеше дека се работи за местенка, бидејќи меѓу кандидатите имаше и деца на политичари и бизнисмени. И потоа во големото финале, падна одлуката. На наше големо изненадување, жирито го прочита моето име. Тој момент никогаш нема да го заборавам“, раскажува Александра.
Таа вели дека треба да запише Вишо стручно училиште во Земун да стане физиотерапевт.
„Сакам да им помагам на луѓето. Не размислував да станам модел, но ако ми пристигне некоја интересна понуда зошто да не“, додава таа.
Таа се сеќава на се додека била заштитно лице на плазма кексите како да било вчера:
52050_aleksandra nedosan
Таа се уште е во контакт со некои од кандидатките. Раскажува дека нејзиното детство било како од бајките.
Ме препознаваа на улица, во продавница, на море… Родителите добија пари и договор, но мене поважни ми беа празниците и роденденот. Тогаш од фабриката ми пристигнуваа подароци, а за родендените по 50 килограми од нивните производи. Ми одговараше да сум во центарот на вниманието, а благодарение на родителите, не се вообразив, вели слатката Бамбика.