Девојче кое постојано се жалело дека ја болат забите отишла на стоматолог, по што откриле дека во нејзината уста се наоѓа вистински феномен. Имено, нејзиниот лекар открил дека таа има 202 заба.
Малечката Индијка постојано чувствувала болки и отоци во устата, а рентгенот покажал дека таа пати од синдромот одонтома – комплексен тумор составен од нормални забни ткива кои израснале на неправилен начин.
Седумгодишното девојче морало да биде изложено на двочасовна операција.
„Беше страшно да се види толку сложена ситуација кај така мало девојче“, рекол др. Ајои Ројчоудари, шефот на орална и максилофацијална хирургија во Институтот во Њу Делхи.
„Обично гледано по само неколку абнормални заби, но 202 заба во устата на дете од седум години е вистински шок. Наша главна задача беше да се ослобдиме од нив“, додал тој.
Докторот кажал дека иако зафатот бил релативно едноставен, сепак барал огромна прецизност, бидејќи само една грешка можела да доведе до кршење на вилицата и трајна деформација.
После операцијата девојчето се чувствувало добро, иако одреден период не можела да џвака храна.