Најмалку девет полицајци се повредени во судир со српски навивачи во центарот на Минхен пред решавачкиот осминафинален натпревар меѓу Данска и Србија во вторникот, објави германската новинска агенција DPA во средата.
Конфликтот започнал во вторникот околу 17:00 часот на централниот градски плоштад, Мариенплац, кога полициски службеници извршиле претрес на еден од навивачите поради сомнение дека поседува пиротехнички средства. Според полицијата, тоа било причина за фрлање шишиња и маси кон нејзините припадници, кои потоа возвратиле со употреба на солзавец и палки.
По тој судир на Мариенплац, српските навивачи продолжиче нелегално да користат пиротехнички средства во близина на станицата на метрото, но и внатре во стадионот. Поради тоа, неколку лица се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, нанесување тешки телесни повреди и напад на полициски службеници.
Нема информации за бројот на повредени српски навивачи.
Србија и Данска одиграа 0:0 во натпреварот од 3.коло од Ц групата, па Србија последна во групата испадна од ЕУРО, додека Данска го зазеде второто место и во осминафиналето ќе игра против домаќинот Германија.