Дејв Деври почнал да трансформира детски цртежи од чудовишта во неверојатно реалистични слики. Тој вели дека идејата му дошла пред повеќе од десет години кога неговата внука ја наполнила неговата тетратка за скицирање со цртежи, по што тој се запрашал како би било ако тој ги наслика истите.
Илустраторот од Њу Џерси подоцна решил да се обиде и со помош на боја, текстура и сенки внел 3D ефект во цртежите на младите уметници. И тоа било доволно, откако го видел резултатот, тој посакал да наслика уште па побарал од децата на негови роднини и пријатели да ги нацртаат своите верзии на чудовишта.
45 годишникот, кој исто така работи и за компанија од Тајван која произведува видео игри, користи проектор за да го пренесе цртежот на платно или плоча за илустрирање по што едноставо слика врз него. Тој вели дека сликањето може да трае од неколку часа до неколку недели додека ги нанесува слоевите акрилна боја. Колекција од неговите насликани чудовишта, заедно со цртежите кои биле негова инспирација, биле објавени како книга – “The Monster Engine” – која исто така содржи и интервјуа со децата направени откако тие ги виделе сликите.
„Никогаш не ги прашувам децата што означува цртежот, едноставно почнувам и го менувам додека сликам. Потоа децата повторно ја добиваат контролата и ми кажуваат што означува сликата. Дури и ако создадам приказна додека сликам, едноставно ја заборавам во корист на она што децата го кажуваат.“