Децата што го гледаат Попај се хранат поздраво

Според една студија на универзитет од Банкок, децата кои уживаат во цртаните за Попај генерално јадат повеќе зеленчук од оние кои не го гледаат овој класичен цртан. Според оваа студија, количината и типот на зеленчук кој децата го јадат директно зависи од она што го гледаат на телевизија.

Според тестовите, децата од четири до пет години кои го гледале Попај како јаде спанаќ пред да го истепа Дибек, повеќе сакаат да јадат зеленчук од другите деца. Всушност, според научниците дваесет и шесте деца кои учествувале во студијата, на кои им било покажано и како се сади семето и како се готви храната, јаделе двапати повеќе зеленчук.

54498-61900

Следна задача на научниците ќе биде да откријат какво влијание има гледањето на Том и Џери врз користењето на тави како оружја од страна на децата. Според предводникот на истражувањето, професор Чутима Сирикулчајанонта, конзумацијата на зеленчук двојно се зголемила и децата наместо само два, почнале да јадат четири различни типови на зеленчук.

Родителите исто така изјавиле дека нивните деца почесто зборувале за зеленчук и дека биле горди што го изеле заленчукот за време на ручекот. Професорката додала дека немало значајна промена во конзумацијата на овошје кај децата, но дека ова најверојатно е поради тоа што децата веќе јаделе повеќе овошје отколку зеленчук уште пред почетокот на студијата.

- Реклама -