Деструктивното однесување со кое мажите ја кријат анксиозноста

„Кога ќе се обидете да ја потиснете анксиозноста, таа едноставно излегува повторно во некоја друга форма“

Официјалната статистика кажува дека жените се двојно повеќе изложени на анксиозно растројство од мажите.

Анксиозноста не е нешто опипливо, лабораториски техничар во бел мантил не може само да погледне во микроскопот и да направи дијагноза. Наместо тоа, за да се постигне односот од два спрема еден, науката се потпира само на добрата воља. Кој е подготвен да им ги открие симптомите на истражувачите, кој оди на клиника за лекување или пак чека во психијатриските чекалници, кој е тој што храбро ќе стане и ќе изјави: „Јас сум анксиозен“.

Токму овие работи , барање помош во лекувањето, признавањето: „Да, јас сум анксиозен“, дури и подготвеноста нашите стравови и нашата несигурност да се етикетираат како „анксиозност“, ги покренуваат општествените сили како што се стигмата, родовите норми и што значи да се биде жена или маж.

Иако научните наоди за биологијата на анксиозноста на мажите и жените не се дефинирани, се смета дека разликте имаат многу врска со тоа како анксиозноста се манифестира.

Анксиозноста може да се изрази на класични начини, како загриженост, напнатост, страв. Таа лесно ја менува формата а кога ќе се обидете да ја потиснете, таа само се појавува во некоја друга форма.

Еве ги најчестите знаци што всушност би можеле да укажат на анксиозност кај мажите:

Злоупотреба на алкохолот

Додека жените се повеќе склони да им се обратат на пријателките барајќи поддршка кога се загрижени, мажите почесто се свртуваат кон драгиот пријател „шишето“. Вистина е дека алкохолот „работи“, барем на краток рок. На пример, една студија покажа дека после секоја пијачка анксиозноста во друштво со други луѓе паѓа за 4 проценти. Но, на долг рок, алкохолот им овозможува на луѓето да ја заобиколат вознемиреноста која ја чувствуваат наместо да се соочат со неа, што само ја влошува работата. Тоа е како да се обдувате да задржите гумена топка под вода, некое време функционира, но на крајот, таа избива нагоре како од катапулт.

Бес

Онаа старата вели „бори се или бегај“. Кога ќе помислиме на анксиозност, веднаш помислуваме на бегање: треперење во аголот, криење во бањата или бегање каде и да е, само да не се остане тука. Но, тука е борбата. Кога ќе се почувствуваат загрозени, наместо да ја здувнат, мажите можат да станат агресивни. Анксиозноста кај нив може да активира цел спектар на лутина, од блесок на експлозивни изливи до тивок оган на константна фрустрација.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Раздразливост

Надуен, нерасположен, пречувствителен, на работ на нервите, како и да го нарекувате, станува збор за раздразливост, што е помалку познат симптом на анксиозност. Кога вашите нерви се и така напнати, не е изненадувачки ако прегласното дишење на вашиот колега на работа или шоферот кој ви ги копа очите со долгите светла на селскоит пат го буди катиљотво вас.

Депресија

Во специјализирана клиника за анксиозност ќе сретнете мажи кои се многу загрижени што станале депресивни. Анксиозноста води кон избегнување на буквално се’ што ги опкружува, поради што им ги ограничува животите. На пример, мажите што имаат напади на паника, ги избегнуваат активностите што нивните тела ги изложуваат на напор, како што се вежбите во теретана. Оние што се плашат од осуда ќе ги избегнуваат романтичните излегувања или поканите од ортакот за акање по забави. Мажите можат да се обидат да ја контролираат вознемиреноста со тоа што стануваат построги во нивниот живот, но животот во постојана состојба „ако сакаш да направиш нешто правилно, тоа мора да го направиш сам“ остава малку време за убавини. Со текот на времето, избегнувањето на самиот живот го остава овој живот празен, што како резултат доведува до депресија. А неможноста да се справи со анксиозноста или впечатокот дека работите никогаш нема да се подобрат, кај многу мажи предизвикува чувство на безнадежност и беспомошност кои се два главни столба на депресијата.

Се` на се`, начинот на кој се манифестира анксиозноста кај мажите и кај жените може да се разликува, но самата анксиозност не прави никаква дискриминација. И кај мажите и кај жените анксиозноста има исти принципи: Таа е неодредена (!Што ако се случи нешто лошо?“), таа е во несразмерност со вистинската опасност или закана („Ако не најдам добра приправничка работа во текот на летото, целата моја кариера е осудена на пропаст“) и ни кажува дека ќе бидеме лоши во било која работа што животот ќе ја стави пред нас („Ќе почекам додека чекорите во ходникот престанат да се слушаат пред да излезам од станот за да не учествувам во непријатно, лефтерно мрсење со комшијата“).

Но, што уште не е предмет на дискриминација? Фактот дека анксиозноста е променлива. Да се биде човек денес навистина значи многу грижи и стрес, но во исто време значи и многу надеж. Без оглед на тоа како се манифестира вашата анксиозност, побарајте помош. Независно од вашиот пол, анксиозноста не мора да управува со вашиот живот.

- Реклама -