Desktop Blues е интересна веб-страница составена од неколку копчиња и звуци, преку која би можеле на кратко да избегате од монотонијата на работната околина. Кликнете на play копчето на радиото и солирајте над музиката која оди во позадина со претходно снимените блуз рифови, завивања и лелекања. Можеби и нема веднаш да ве расположи, но сигурно ќе направи да се почувствувате поинаку, далеку од гласните колеги, поспаниот шеф и ова тмурно понеделничко утро.