Дешан: Ако ви е досадно, гледајте нешто друго!

Селекторот на Франција, Дидие Дешан прилично остро ги коментираше обвинувањата на сметка на неговите репрезентативци дека играат досаден фудбал.

Светскиот шампион со „петлите“, и како играч и како тренер, рече дека на оние на кои им е досадно, можат да го сменат каналот.  За останатите објасни дека сака да ги споделат емоциите на тимот и да им донесат радост.

Утре во 21:00 часот по наше време, Франција ќе ја одигра првата полуфинална пресметка против Шпанија на ЕП 2024

-Ако ви е досадно, гледајте нешто друго! Ништо не е задолжително! Ова е посебно Европско првенство, за сите е многу тешко. Бројот на голови е многу помал од очекуваното и од она што можеше да биде. Сепак, имаме можност да споделиме емоции, да ги израдуваме Французите со резултатите што ги постигнуваме во овој тежок период за мене, беше малку груб Дешан.

- Реклама -