Десетици илјади Грузијци се собраа во Тбилиси за да прослават што нивната земја стана ЕУ кандидат

Десетици илјади луѓе се собраа денеска во Тбилиси за да прослават што нивната држава стана кандидат за прием во Европската унија, што тие го гледаат како заштита од соседна Русија.

Со грузиски и знамиња на ЕУ, граѓаните се собраа на плоштадот во центарот на Тбилиси.

Лидерите на ЕУ вчера одлучија на Грузија да и доделат статус на кандидат за прием, што таа држава го бараше од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Прозападниот претседател на Грузија, Саломе Зурабишвили, ја поздрави одлуката на ЕУ и нагласи дека пристапувањето во ЕУ е „непоколеблива волја на грузискиот народ“.

Прочитајте и:  Орбан пристигна во Москва на средба со Путин, ЕУ упати критики
- Реклама -