Десет совети како да бидете оптимист

Тешко е човек да биде оптимист во денешно време. Сите сме преплавени со економски проблеми, фрустрации и конфликти, но тие што се оптимисти докажано е дека имаат поздраво срце, подобро се снаоѓаат со стресот, помал ризик за мозочен удар и подобро комуницираат со другите луѓе.

Поголемиот дел од нас, оптимизмот го оставивме во младоста и само понекогаш, меланхолично ќе се присетиме на тие моменти кога бевме млади и будали. Вака започнува и авторот на книгата “Заразен оптимизам” Давид Мецапеле, кој ги споделува својте 10 совети како да живеете оптимистички.

1. Бидете благодарни
Доколку не бидете благодарни на добрите работи во вашиот живот, никогаш нема да бидете задоволни. Но треба да бидете благодарни и на лошите и тешки моменти, зошто тие ќе ви дадат мудрост и сила како да истраете во животот. Сите искуства, без разлика дали се позитивни или негативни се основа за оптимизам и светлост за иднината.

2. Споделете го искуството
Споделете ги сите ваши авантури, успеси и неуспеси. На тој начин во разговорот со другите луѓе, ќе најдете простор за надеж. А пак надежта е главната состојка за оптимизмот.

3. Простувајте
Тоа е многу полесно да се каже отколку да се направи, но вие мора да простите на тие што ве повредиле на некој начин. Кога тоа ќе го направите, со олеснување ќе тргнете напред и ќе се помирите со минатото. Не дозволувајте минатото да ви ја уништи сегашноста.

4. Обрнувајте внимание на соговорникот
Додека го правите ова, вие им давате нов правец на вашите мисли. Доколку сте депресивни вашите мисли се условени од емоциите и се вртат во магичен круг од кој нема излез. Но со самото тоа што вие ќе го дадете вашето внимание на соговорникот, ќе искажете почитување и доверба, а токму тие одлики се знаци на позитивна енергија.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

5. Не бидете љубоморни и исполнети со завист
Овие две незрели емоции, можат многу лошо да влијаат на вас, поради тоа што ќе размислувате, како некоја друга личност може да биде подобра од вас. Многу е подобро да ја канализирате таа енергија на друга страна. Размислувајте како би можеле да бидете мотивиран од успехот на другите.

6. Смејте се повеќе, мрштете се помалку
Доколку сте весели и насмеани вие ширите позитивна енергија околу вас и вашата средина ќе биде таква. Доколку се мрштите и вашата средина ќе биде таква. Карма
happy-people-1200

7. Вежбајте и исхранувајте се здраво
Искористете го слободното време за било каква физичка активност. Било што, скалите наместо лифтот, кратка прошетка наместо превоз ако не ви дозволува времето. Исто така, избалансираната исхрана го одржува телото здраво. Во здраво тело, здрав дух.

8. Мислете позитивно
Позитивните мисли носат и позитивни и поубави погледи на светот. А не кога ќе паднете на испит, да мислите дека цел свет ви се срушил. Тогаш во тој момент вашиот оптимизам паѓа на најниско ниво и не сте во состојба повторно да учите. Напротив, треба да го подигнете духот и оптимистички да размислувате, зошто на тој начин подобро ќе учите, односно да живеете.

9. Не ги обвинувајте другите
Најлесно е да ги обвините другите. Треба да се контролирате себеси и да најдете оптимизам. Тогаш успехот сам ќе ве најде и ќе ви дојде по природен пат.

10. Минатото не ја проектира иднината
Само поради тоа што сте искусиле тешкотии во животот, незначи дека цел живот ќе ви биде таков. Доколку посветувате премногу внимание на тешките моменти, нема да ги забележите искрите на надежта и нема да го запалите пламенот на среќата.

- Реклама -