ФИФА и France Football денеска ги соопштија и кандидатите за Тренер на Годината.
Десет имиња се наоѓаат на пошироката листа од кандидати за наградата Тренер на Годината.
На почетокот од декември листата ќе биде скратена на три имиња, а победникот ќе биде соопштен на гала-церемонија во Цирих на 13. јануари следната година.
За најголем фаворит се посочува екс тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес кој со Баварците имаше перфектна сезона освојувајќи ја тројната круна.
10. кандидати за наградата Тренер на Годината:
Карло Анчелоти (ПСЖ/Реал Мадрид), Рафа Бенитез (Челзи/Наполи), Антонио Конте (Јувентус), Висенте Дел Боске (Шпанија), Сер Алекс Фергусон (екс-Манчестер Јунајтед), Јуп Хејнкес (екс-Баерн Минхен), Јирген Клоп (Борусија Дортмунд), Жозе Мурињо (Реал Мадрид/Челзи), Луис Фелипе Сколари (Бразил), Арсен Венгер (Арсенал)
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал