Депресивните мајки влијаат врз здравјето на децата

„Депресивните мајки можат да ги пренесат нивните психијатриски проблеми на своите деца“ – се вели во едно aмериканско истражување.

Децата на мајки кои се успешно лекувани од депресија видно ги намалиле нивните ризици да развијат психолошки пореметувања за време на растот, додека континуираната депресија кај родителот го зголемува ризикот кај децата за вакви проблеми.

„Ако имате депресивна мајка, треба да сторите се што е  во вашите можности да направите таа да се чувствува подобро бидејќи постои опасност од двоен ефект.“

„Депресијата можеби е генетско пореметување, но сепак силно влијание има и околината. За детето, болеста на родителот е ефект од големо опкружувачко значење.“ – изјави авторот на оваа студија Мирна Вајсман.

Прочитајте и:  На 24ти јуни во музичката историја

Истражувањето било основано на 151 мајка/дете парови кај отпуштените пациенти од неколку психијатриски клиники.

Студијата исто така го потенцира белегот на депресијата врз целото семејство:

„Знаеме дека депресијата влијае не само на лицата кои патат од неа, туку и на целото семејство. Истражувањето покажа охрабрувачки резултати – ако мајките ја подобруваат својата состојба, истото се случува и со децата. Кој не сака здраво дете?“

- Реклама -