Депресијата кај жените го зголемува ризикот од инфаркт

Жените на возраст од 55 година, како и помладите кои што страдаат од умерена или тешка депресија, имаат двојно поголеми шанси да развијат смртоносни срцеви болести како срцев удар. Ова го тврди истражувањето објавено во весник на Американското здружение за срце.

Во истражувањето учествувале 3.237 мажи и жени на различна возраст, кои што страдаат од болести на срцето и крвните садови. За време на 3-годишното истражување биле земени во предвид и симптомите за појавата на депресија.

Резултатите покажуваат дека жените на 55-годишна возраст имаат 2,2 пати поголема шанса да добијат инфаркт или да им се наметне операција на крвните садови, ако имаат знаци на умерена до тешка депресија. 29% од жените под 55-годишна возраст со клиничка дијагноза депресија,  имаат поголем ризик од срцеви заболувања.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Депресијата може да биде скриена причина за развојот на срцеви заболувања, тврдат авторите на истражувањето.

На овој начин може да се објасни зошто повеќе жени отколку мажи, умираат од инфаркт, велат научниците.

- Реклама -