Депресијата е заразна

Песимизмот е заразен и таквото окружување негативно влијае на психата и задоволството на луѓето.

Депресијата е заразна, а најчесто може да ја „заработите“ од пријателите и партнерот кои постојано се жалат и песимистично гледаат на иднината, покажа една нова студија на експертите од Универзитетот во Индијана.

Експертите шест месеци го следеле однесувањето на студентите доброволци кои биле опкружени со лица со симптоми на депресија и дошле до заклучок дека нивниот песимизам е заразен и дека негативно влијае на психата на задоволните луѓе.

8d78ed348c86ee8a0400c4688ec60d7f

„Личноста која негативно реагира на стресните настани во животот својот песимизам и незадоволство го пренесува на луѓето со кои поминува многу време, најчесто партнерите или пријателите“, вели водачот на студијата, доктор Џералд Хефел.

Експертите дошле до заклучок и дека позитивната окколина е важна за оптимистичниот став во животот. Затоа дружете се со весели луѓе!

- Реклама -