По четиринаесет години заеднички живот, глумецот Џони Деп одлучи да се раздели од неговата партнерка, пејачката Ванеса Паради.
Лицето за односи со јавност на Деп соопшти дека двојката се разделила пријателски и ги замоли сите да ја почитуваат нивната приватност, а што е уште поважно, приватноста на нивните деца.
Тие почнаа да се забавуваат во 1988 година, кратко по снимањето на филмот „Пиратите од Карибите“, а 49-годишниот Деп и 39-годишната Паради имаат две деца, ќерката Лили Роуз и синот Џек.