Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај, изјави дека не се сомнева во исправноста на неговата одлука да се пресели во каталонскиот клуб.
На новинарско прашање дали се кае за преселбата во Барселона, фудбалерот одговори:
„Како можеш да прашаш такво нешто? Секој знае за големината на овој клуб и што значи за фудбалер да дојде овде. Никогаш нема да се каам. Свесни сме за моменталната ситуација во Барселона. Сите се во паника, бидејќи ова е невообичаено за овој клуб. Тие се навикнати да победуваат и да прикажуваат прекрасен фудбал овде. Но, јас не сум загрижен и сигурен сум дека сè ќе се промени“, истакна Депај.
Тој во Барселона дојде од Лион оваа година. Претходно има настапувано за Манчестер јунајтед и ПСВ Ајндховен.