Актерската двојка Џони Деп и Амбер Хард одлучиле да се разделат на неопределено време, затоа што Амбер не можела да се справи со медиумското внимание и фактот што многумина тврделе дека таа е главната причина поради која се разделија Деп и Ванеса Паради.
Откако Деп и Паради ја потврдија разделбата по врската што траеше четиринаесет години, американските таблоиди почнаа да пишуваат дека главниот виновник за тоа е токму глумицата Хард, која, како што јавуваат тие, го завела Џони.
– Меѓу Џони и Амбер навистина постои посебна хемија. Амбер се раздели од нејзината девојка Тасја во истото време кога Џони ја прекина врската со Ванеса. Тие добро ја држеа нивната романса во тајност, а помогна и општото јавно мислење дека Амбер, всушност, сака само девојки. Меѓутоа, тие одлучија да се разделат затоа што Хард не сака да ја нарекуваат „уништувачка на бракови“ – изјавил анонимен извор за Radar Online.
Изворот додал дека глумицата е навистина вљубена во ѕвездата на франшизата Пиратите од Карибите, меѓутоа не сака љубовни драми.
– Таа не е сигурна во кој правец сака да се развива нивната врска, но знае дека засега е најдобро да се разделат, бар додека не се смири прашината – додал анонимниот извор.