Денот кога се смени поп-музиката: Првиот ТВ настап на Битлси во САД

beatles-ed-sullivan[1]

На 9 февруари 1964, Британија успешно ја окупираше Америка – културно. Токму на тој ден, во своето шоу, Ед Саливен го изусти познатото „Дами и господа, Битлси!“. 73 милиона Американци ги слушнаа Битлси за прв пат во живо на американска почва, и со тоа почна британската културна инвазија.

Тоа беше најголемата публика што дотогаш се имаше вклучено на било која програма. Се проценува дека Битлси ги гледаа три-четвртини од вкупната возрасна публика во САД. А за возврат, Битлси свиреа 5 песни: “All My Lovin’,” “Til There Was You,” “She Loves You,” “I Saw Her Standing There” и “I Wanna Hold Your Hand.”

140206-beatles-inline-6p_6868295b8dddab2fc154dcdd59a3239b.nbcnews-ux-2880-1000[1]

Подоцна, Пол Макартни, Џон Ленон, Ринго Стар и Џорџ Харисон продадоа 1.6 милијарди сингл-плочи, 177 милиони албуми и поминаа вкупно 132 недели на врвот на музичките топ листи, и сé ова само во Америка.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Избезумените обожавателки во публиката на овој прв настап во САД беа само најава за Битлманијата што беше на пат да завладее по настапот на 9 февруари – денот кога поп-музиката се смени засекогаш.

- Реклама -