Имајте секс денеска ако сакате бебе

Најголем број бебиња ќе бидат зачнати токму денеска, покажуваат новите истражувања, а бидејќи декември е идеалниот месец за принова, имајте секс почесто месецов.

Исто така, статистичките податоци покажуваат дека најмногу родендени во Британија се слават на 16 септември, а со просечниот гестациски период од 40 недели, 11 декември е најплодниот ден во годината.

Декември е и најпопуларниот месец за зачнување, зашто дури 9 отсто од бебињата се зачнати во последниот месец од годината, а десетте најпопуларни родендени во Британија се токму во септември.

Покрај тоа, научниците велат дека зимата е многу поплодна сезона од летото, бидејќи квалитетот на спермата е подобар на пониски температури. Луѓето, исто така, имаат повеќе секс во декември и во останатите зимски месеци, поради празничното расположение.

Меѓу познатите личности родени на 16 септември се вбројуваат актерот Мики Рурк и пејачката Кејти Мелуа.

Уште десет факти за спалната соба

Еден од четири мажи го гаси светлото за време на секс.

Со секс од половина час се согоруваат околу 200 калории.

Најпопуларното место за секс надвор од спалната е во автомобил.

Околу 75 отсто од мажите секогаш доживуваат оргазам при пенетрација, наспроти само 29 отсто од жените.

Дневно во светот се случуваат околу 100 милиони сексуални односи.

Во просек се бакнуваме околу 20.160 минути, а тоа се 336 часа, 14 дена или 2 недели.

Веројатноста двојките да имаат секс на полноќ е околу 17 пати поголема отколку да имаат односи во 10 часот наутро.

Бакнежот во образ активира две групи фацијални мускули, додека францускиот бакнеж ги активира сите 34 групи.

Колку сте постари, толку пократок ќе биде вашиот оргазам.

[Have sex tomorrow if you want a baby: December 11th named as the most fertile day of the year]

 

- Реклама -