Денеска повторно дојави за бомби во средни училишта во Скопје

Нови дојави за поставени бомби денеска пристигнале до неколку училишта во Скопје. Првично, од МВР информираа за МИА дека дојави има во две училишта, од кои едното е гимназијата „Јосип Броз Тито“. Малку подоцна, пристигнале дојави за поставени експлозивни направи за уште две училишта во Скопје.

Како што информира МИА, пријавата за новите бомби е добиена околу 10 часот, половина час откако биле пријавени дојавите за првите две училишта.

Според информации на медиумите, останатите три училишта, покрај „Јосип Броз Тито“, во кои пристигнале закани за поставени бомби, се „Никола Карев“, „Панче Арсовски“, „Владо Тасевски“.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите четири училишта. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

- Реклама -